1 коментар 2 мин. читање 24 декември, 2013

Роботот на Google одговори на предизвикот на DARPA

Роботот на Google, Schaft, е единствниот робот кој успеа да ги помине сите осум препреки на DARPA натпреварувањето и од пол позиција ќе го дочека финалето кое ќе се одржи во 2014 година. Јапонскиот тим кој е креатор на роботот и од неодамна дел од Google, може самоуверно да го чека финалето откако Schaft освои 27 поени. Toa се дури 7 поени повеќе од второпласираниот IHCM Robotics, кои го користеа роботот на уште една аквизиција на Google, Atlas на Boston Dynamics.

Schaft е хуманоиден робот кој е висок 1,48 метри и е единствен робот на наптпреварот кој го користи новиот високонапонски мотор со ладење со течност. Ова е основната предност на роботот која му овозможува да биде побрз, односно да ги движи и врти побрзо своите екстремитети. Ова му овозможи на роботот да биде само 5 поени под максималниот број кој можеше да ги освои. Единствените поени кои ги изгуби се поради тоа што ветар му ја однесе вратата од рацете на еден од тестовите и Schaft не успеа да излезе од возилото по првата задача.

[youtube]diaZFIUBMBQ[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Скајнет
Скајнет
12 years ago

Д џаџмент деј из каминг!

Мени
Заедница
Изглед
To top