0 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2018

Роботите никогаш нема да можат да им ја одземат работата на луѓето

Луѓето секош ќе најдат работа, бидејќи работата им дава достоинство, смета директорот на Microsoft, Сатја Надела.

„Луѓето секогаш ќе имаат работа, работата им дава достоинство“.

Сепак г. Надела не смета дека прашањата на користење на роботи и вештачка интелигенција треба толку лесно да сфатат. Напротив, има цел куп етички проблеми кои треба да бидат решени и надминати.

„Она што сметам дека треба да биде направено во 2018 е да се отвори дијалог за етичноста, за принципите кои потоа инженерите и компаниите ќе можат да ги користат кога ќе ги градат системите за вештачка интелигенција; За потоа со изборите кои ги правиме не правиме системи со предрасуди… Тоа се работите на кои треба да работиме“, вели г. Надела во интервју за Telegraph.

Интересно, она што го тврди директорот на Microsoft е во спротивност со она што го тврдат најголем дел од противниците на универзалниот основен приход. Противниците тврдат дека ако луѓето не мора да се грижат за заработката нема воопшто да работат.

Во последниот период се поголем е бројот на поддржувачи на основниот приход. Илон Маск, Тим Бернерс-Ли, БИл Гејтс, Сем Алтман се само дел од имињата на поддржувачите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top