Со помалку спортисти на отворањето и затварањето; време на натпреварите кое е не сосем соодветно за следење; натпревари без публика; ковид мерки; ова беа едни од најчудните Олимписки игри досега. Сепак за љубителите на спортот Олимпијадите се дел од настаните кои не се пропуштаат.
Јапонија, и повеќе Toyota, ги искористија овие игри да ни покажат до каде се со развојот на роботите, па Токио 2020 ќе остане запаметен и по неколкуте роботи.
Toyota Motor Corp. ги дизајнираше робо-маскотите на овие Олимписки и Параолимписки игри (Maraitowa и Someity). Maraitowa и Someity мавтаа и се поздравуваа со гостите, и секако ќе беа поинтересни да имаше публика на стадионитe. Овие роботчиња кои ги пречекуваа спортистите се најпрепознатливи роботи на игрите, но не се единствени.
На натпреварите на имаше различни роботи кои помагаа. Хуманоидниот T-HR3 требаше да помогне со преносот на натпреварите на луѓето кои не се физички присутни во арените. Овие роботи може да пренесуваат слика и звук на другите роботи во мрежата. Ова требаше да им помогне на гледачите да се почувствуваат како да се присутни на локацијата. Слична функција има и T-TR1, но со значително поголем екран. Роботот е своевиден подвижен телевизор кој овозможува луѓето кои не се присутни физички, виртуелно да ги следат игрите.
На некои од натпреварите спортистите имаа помош од Field Support Robot (FSR). Овие роботи кои се движат автономно, собираа топки, кладиво, копје и ги враќаа кај натпреварувачите. FSR роботите можат самите да ја пронајдат оптималната рута за движење и собирање на предметите која потоа ја следат. Ова го скратува времето за собирање на овие предмети, но за овие игри подеднакво важно е што овозможува помал број на потребен персонал кој ќе биде присутен на стадионот.
За транспорт на спортистите во Олимпиското село се користеше автономниот систем Autonomous Mobility Management System или скратено AMMS. Во возилото има оператор за безбедност кој во секој момент може да преземе контрола. Во него може да се превезуваат 20 патници или 4 инвалидски колички и 7 патници.
Роботот кошаркар не беше корисен како останатите, но секако беше интересно да се види како не промашува.