Во провинцијата Мие во југоисточниот дел на Јапонија роботи градат брана. Компанијата „Obayashi“ планира да го заврши проектот до март 2023 година, јави Nikkei Asian Review.
Машините на Obayashi поставуваат слој, по слој бетон. За да се забрза целиот процес во близина на локацијата е изграден и погон во се меша бетон. На терен има повеќе автономни роботи, од дигалки, до возила за транспорт на бетон.
Браната кога ќе биде завршена ќе биде долга 334 метри и висока 84 метри. Интересно, иако роботите градат браната, сепак продуктивноста при градењето е зголемено за единствено 10 проценти. Компанијата Obayashi која ја гради браната и ја тестира оваа технологија сепак се надева дека од проектот ќе научат многу, и дека на крајот ќе успеат да го скратат времето потребно за изградба за 30 отсто.
Една главните причини поради која замената на луѓето со роботи во Јапонија е стареењето на работната сила во градежната индустрија. Над 50 отсто од градежните работници во Јапонија се постари од 55 години. Машинеријата која ја развиваат сега не само што треба да помогне за побрзо градење во иднината туку ќе мора да се искористи ова време во кое овие искусни работници можат да го „пренесат“ своето знаење на машините.
Градењето на брана е интересен почеток за тестирање на автоматизацијата од неколку причини. Процесот е репетитивен, далеку од населено место каде може да се повреди случајни минувачи.
Ова е прв пат роботи да градат брана, но автоматизирањето на градежниот процес и замената на работниците со роботи е веќе започнато. Американската компанија пред три години го претстави роботот SAM (Semi-Automatic Mason) кој им ја олеснува работата на ѕидарите.