Козмо беше замислен да помага за запознавање на најмладите со роботиката. Роботчето доаѓаше со SDK, но сега преку блок-програмирање учењето е и поедноставно и позабавно.
Давањето на команди е едноставно. Корисникот креира листа на наредби како: поместување напред, подигање и слично. Со помош на овие команди може да се креираат едноставни, но и многу посложени маневри. Потребата од Code Lab доаѓа бидејќи за користење на оригиналното SDK сепак е потребно познавање на Python, a со новата платформа нема потреба од никакво познавање на програмски јазик, и може да се почне од 0.
Новитет е што Козмо сега може да препознава лик, да го запомни името и да ги запомни поврзувањето на името и ликот. Потоа Козмо може да му се обрати на корисникот по име.
Блоковите на Code Lab се со едноставни и јасни сликички за препознавање. Корисникот ги спојува овие блокови во долга низа која се извршува, блок по блок. Од Anki ветуваат дека ова е само почеток и наскоро ќе има можности за додавање на многу повеќе.
„Наесен ќе додадеме уште нови команди и функционалности, и ќе ви овозможиме многу повеќе команди со вашите прсти. Со овие додатоци ќе имате сè што е потребно за да креирате игри, новo однесување и искористување во целост на вештачката интелигенција и роботика кои доаѓаат со Козмо“