0 коментари 2 мин. читање 16 октомври, 2017

Робот кој оперира побрзо и попрецизно од хурург

Во иднина, наместо да го бараат најдобриот хирург, луѓето можеби ќе го бараат најдобриот робот. Тестовите на роботот Smart Tissue Autonomous Robot (STAR) покажуваат дека роботот оперира побрзо и попрецизно од луѓето.

Тестот на STAR покажува дека роботот поради поголемата прецизност прави и помалку штета на околното ткиво, пренесе IEEE. Прецизноста е исклучително важна при отстранувањето на тумор или рак. Напредокот на технологијата овозможува сериозно да се размислува дека иднината на хирургијата е во автоматизацијата.

„Верувам дека технологијата најпрво ќе биде воведена како подфункција во хирургијата, а потоа ќе стане и покомплексна“, вели Аксел Кригер, доцент од Универзитетот Мериленд.

Роботот во текот на „операцијата“ постојано ги следи алатката за сечење и ткивото. Во текот на операцијата, роботот постојано се прилагодува на промените и на новонастанатите услови.

Во текот на тестовите роботот и хирурзите имаа два теста. Тестовите се направени на три различни ткива, мускули, кожа и маснотии од свињи. Во првиот, роботот и хирургот правеа рез долг 5 сантиметри. Вториот тест беше посложен и во текот на тестот роботот и човекот отстрануваа замислен тумор со неправилна форма.

Засега формата на „туморот“ е единствено дводимензионална. Следниот чекор е тренинг на роботот за отстранување на 3Д тумор. Секако ова е во фаза на развој, по што ќе започнат тестовите. Барем засега технологијата ветува навистина многу.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top