0 коментари 2 мин. читање 20 септември, 2023

Robot Cache ви дозволува да купувате дигитални игри, а потоа истите и да ги продавате

Денеска, бројот на продавници на видео игри е исклучително голем. Steam и понатаму седи на тронот непредизвикан, но под планината неуморно се борат Epic, EA, Ubisoft, GreenManGaming, GoG и ред други продавници. Сите од нив, меѓутоа, само ви продаваат клучеви односно лиценци за играње игри. Откако ќе завршите со играта, не можете истата да ја продадете, како во ситуација со физички копии на игри. Robot Cache е единствената продавница која ви дозволува да купите дигитална игра, да ја играте, а потоа и да ја продадете.

Политиката на Robot Cache е едноставна: купената дигитална игра можете да ја продадете. Како посредници, Robot Cache зема само мал процент, а девелоперите можат да добијат до 95% од секоја продажба, што е значително високо и одлична мотивација за сите оние кои би сакале да го пласираат нивниот продукт на платформата.

Паралелно со ова, можете и да добивате дигитална валута Iron. Со оваа валута отклучувате бесплатни игри и дополнителни содржини. Дел од средствата одат и кон добротворни цели.

Како релативно нов играч на пазарот, Robot Cache не може да се пофали со голем избор од игри, но она што има не е премногу лошо. Забележавме често проширување на каталогот со нови игри, како и чести промоции, односно попусти на игри. Во некоја ситуација, може и бесплатно да се зграпчи цела игра.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top