Rise up е првиот македонски агрегатор за невладини организации

во ИТ.МК

Image courtesy of Rise Up

Rise Up е нов и прв македонски агрегатор за невладини организации и нивните активности. Зад агрегаторот се четворица ентузијасти: Бајрам Рамадан, директор и програмер; Мануел Мустафа, маркетинг и ПР; Џемилијана Абдулова, новинар и Ферди Осман, камера. Агрегаторот сè уште официјално не е „отворен“, но веќе може да видите како ќе функционира.

„Идејата за создавање на овој агрегатор произлезе од фактот дека граѓаните тешко стигаат до информации за работа или до некое работно место во невладините организации. Затоа дојдов до идеја да создадам една платформа, агрегатор која ќе ги собере сите невладини организации на едно место“, вели Бајрам Рамадан, основач и програмер на Rise Up.

Креаторите на Rise Up се надеваат дека со ова ќе се упрости интеракцијата помеѓу граѓаните, организациите и донаторите. Граѓаните со еден клик ќе можат да дојдат до посакуваната информација, наместо како досега, да ги отвораат сите сајтови на организациите. Се надеваат и дека со агрегаторот ќе придонесат кон пораст на медиумската и интернет писменост и поголема транспарентност од организациите кон граѓаните.

Како ќе функционира сето ова?

„Корисниците ќе имаат слободен пристап до активности, проекти, видеа, новости на сите невладини организации, бидејќи тие се од јавен карактер. За овој дел имаме тим кој ќе работи, ќе ги промовира сите овие информации на социјалните мрежи. Во тек сме и со изградба на мобилна апликација преку која со поважни нотификации информациите најбрзо ќе стигнат до граѓаните, додава г. Рамадан.

Организациите ќе треба навремено да ги ажурираат своите сајтови, со тоа што преземените податоци самиот агрегатор навремено ќе ги прикажува. Мислам дека ова е одлична можност за невладините организации кои сакаат да ги промовираат своите информации со цел поголема транспарентност на истите.

Oрганизациите кои ќе бидат дел од RiseUp ќе влезат во СМС систем кој навремено, преку смс порака ќе ги известува за новоотворените грантови од донаторите и фондациите, сѐ со цел навремена подготовка и аплицирање на грантот.

За развој на корисничкиот дел се користени стандардни технологии HTML5, CSS3, Jacascript, а за позадинскиот PHP со MySQL база. Користиме и Twilio која е комуникациска платформа за градење на SMS, Voice & Мessaging апликации. Ќе го користиме API-то на платформата.

Агрегаторот засега е во бета верзија со која се тестира расположението и подготвеноста на граѓаните и невладините организации за ваков сервис. Ако прерасне во нешто поголемо ќе се префрлиме на некои понапредни и побрзи технологии,“ додаваат од Rise Up.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk