0 коментари 2 мин. читање 28 септември, 2012

RIM: Нема да го видиме BlackBerry 10 годинава

Еден од првите луѓе на маркетинг одделот на RIM, Френк Булбен, најави дека за новиот Blackberry 10 заинтересираните ќе мора да почекаат до следната година. Во интервју за CNет тој открива дека компанијата нема да ги покаже двата нови Blackberry 10 уреди оваа година.

Компанијата ќе објавува делови од функционалноста на телефоните, но целосна презентација нема да има се додека телефоните не бидат подготвени за продажба. Аналичарите претпоставуваат дека RIM ќе почека да завршат новогодишните празници пред да го презентираат телефонот.

RIM телефоните им ги доставува на операторите за тестирање, и за нивното искуство г. Булбен вели: „Го видоа Blackberry и им се допадна, имаме огромна поддршка од операторите.“

Сите очекуваа дека иднината на компанијата ќе зависи од новите телефони, но заработката од третиот квартал е подобра од сите очекувања.  Сепак и покрај намалениот притисок, ситуацијата со RIM е далеку од стабилна новите уреди ќе мора да „украдат“ дел од корисниците на Apple и Samsung, пред се во Европа и Северна Америка.

Неофицијално се очекува Blackberry 10 телефоните да бидат достапни на почетокот на 2013 година.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top