{mosimage}Google денеска го претстави својот револуционерен сервис за Gmail наречен Gmail Custom Time, кој дозволува на членови при испраќање на е-маил да ги внесат датумот и часот на испраќање со што на своите корисници им овозможуваат "никогаш повеќе да не задоцнат" со своите обврски.
Да речеме треба да испратите на својот колега материјал за работа најкасно до 15 часот, но сте заборавиле од Х причини… со помош на овој нов сервис кој несомнено ќе го измени начинот на комуникација во целиот свет ќе можете да го испратите е-маилот во 20:00 часот а да наместите да изгледа како да сте го испратиле пред 15 часот со што си имате оправдување а кривицата паѓа на Вашиот колега кој "не го проверил" своето сандаче баш најдобро.
Иаку овој сервис предизвика бурни реакции кај останатите е-маил сервиси кои обвинија дека со ваков чекор ќе се загуби довербата во испраќање и примање на е-маилови, Google се реши да го задржи овој сервис и изјави дека со ваквиот чекор само се оди напред во технолошките достигнувања.
Секој е-маил што ќе биде испратен ќе биде хронолошки распореден во е-маил сандачето на примачот така да се ќе изгледа "оргинално". Датумот и времето можете да ги подесите најрано до Април 1, 2004 кога и беше објавен Gmail сервисот на Google.
Сервисот засега е ограничен на 10 е-маилови каде што може да се сетира датум и време по корисник, бидејќи како што вели соопштението на Google нивните истражувачи истакнале дека доколку се дозволи испраќање на повеќе од 10 вакви е-маилови ќе се загуби довербата во е-маил комуникациите.
Формулата според која е пресметано дека 10 е-маилови се вистинска бројка е:
[Вкупен број на испратени е-маилови х Веројатноста дека примачот ќе верува на прикажаното времето] – корен од Златниот сооднос / Просечен животен век = 10
Повеќе информации се достапни тука.






