Денес презедов музика од интернет. Го сторив тоа законски, бидејќи делото е ставено на интернет од страна на издавачот и е слободно за преземање. Но, таквата негова одлука и воопшто достапноста на делото сама по себе, не беа доволни за јас да искликам од конечниот zip.
Со оглед на ограниченото внимание што може да се посвети, а имајќи го предвид огромното количество на податоци, музика или филм, достапни законски или не, самото објавување на интернет, па дури и кога е од страна на тој што е овластен да го направи тоа, не значи речиси ништо. Додајте ја кон ова и заситеноста од информации (кај корисниците или потрошувачите) и инхерентната недоверба кон претприемачите (ако може така да се рече и за оние кои се издавачи на музика) затоа што тие прават се за да го продадат своето без разлика колку е добро, дали воопшто објавувањето на интернет само по себе има некакво значење за тоа дали и како производот ќе помине кај публиката? [Се разбира, под претпоставка дека не сте Radiohead или некој друг етаблиран бренд.]
Би рекол не.
Објавата за најновото EP на скопскиот бенд Д Џон се појави на Twitter на 15 ноември, веројатно истиот ден на Facebook и можеби на други места. Тоа значи дека четири дена бев целосно запознаен со постоењето на ова ново музичко издание. [Колку е тоа во интернет време?] Ако некој ме прашаше, можев да речам: „Да знам дека имаат нов албум“. Но, во ниеден момент не помислив на тоа да го преземам албумот. Она што конечно го насочи мојот Firefox кон веб страницата на издавачот, беа овие неколку твитови од @lenkha:

Не сакам да ја растегнувам споредбава премногу, бидејќи не верувам дека било каков PR план се крие во овие неколку твита на @lenkha. Но, верувам дека оваа мала случка со албумот на Д Џон ни дава шанса да ѕирнеме во некоја можна иднина. Интернет, покрај другите работи, е објави-и-исчезни платформа. Тоа не е лошо. Но, ако сакате да продавате нешто за нашето внимание, тоа никако не е доволно.