Рецензија низ слики: Copycat

во гејминг

„Дом не е место во кое живееш, туку место во кое си највеќе потребен.“

Oна што прво заклучувате oд меланхоличната музичка подлога, од нежните визулени транзиции, и од почетниот тивок дијалог е тоа дека Copycat има важна приказна да раскаже.

Во улога на стара дама, играта ја започнувате во центар за посвојување мачки. По кратката прошетка низ центарот, ќе можете да изберете една од шесте понудени мачки. Дамата објаснува дека точно знае што бара, а, откако ги видовме сите шест мачки, инстантно знаевме и ние што сакаме. За нас, во тие кафези, постоеше само втората, црно-бела мачка. Ништо повеќе.

Copycat не ве остава да се радувате на донесената одлука. Нешто не е во ред со дамата која не се чувствува добро и едвај поминува низ целиот процес на усвојување. По краткиот превоз, ќе дојде време да се сменат улогите и вие, всушност, да бидете мачката.

Снаоѓањето на мачето, неможноста правилно да ги процесира работите што се случуваат наоколу, првото пробување храна, плашење и бегање од звукот на телефонот… сите овие работи се толку неодоливо слатко изведени да не можевме, а да не играме со насмевка на лицето.

Изборот кој треба да го донесеме на прашањето дали сакаме да се мазиме. Некои од изборите, меѓутоа, имаат значително подрастични последици.

Од неколку клучни аспекти на управување, Copycat потсетува на хитот на Annapurna – Stray. Но, тешко е да не се забележи недосток на одредена грациозност во Copycat, особено при движењето, скокањето, качувањето врз одредени предмети. Што почесто стапувате во интеракција со различни работи, толку побргу доаѓате до заклучок дека Copycat е игра за која авторите имале ограничен буџет.

Ни се допаѓа како за бројните предмети можете да ги чуете мислите на мачката, но и на внатрешен спикер кој како да раскажува за документарец

Често ќе играте мини игри од едноставен карактер, давајќи акцент на дивата природа на мачката која често се поистоветува со поопасно животно од дивината
При втората игра, целосно се смени околината, фрлајќе ве во џунгласта околина

Тука некаде, ќе престанеме со заедничкото разгледување на Copycat, не затоа што имаме попаметна работа, туку затоа што по неколку дневното навикнување на мачката, приказната зазема подраматична форма. Не би сакале да ви го загрозиме вашето искуство така што ќе откриеме нешто што не треба.

Доколку сакате слатко, но трогателно дружење со емоционално-повредена и, поради тоа, исклучително внимателна мачка, но и дружење со сопственик кој имал долга, проблематична историја, Copycat е прекрасна драма која, веруваме, ќе го најде патот до вашето срце.

Copycat има и демо!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Spoonful Of Wonder
  • ИздаваNeverland Entertainment
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 19 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments