0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2018

Решението на Некстсенс ДОО избрано како најдобро на повикот организиран од ФИТР

Компанијата „Некстсенс ДОО“ го има најдоброто решение и ова решение е прворангирано на јавниот повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај финансирано од Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР). Покрај ФИТР повикот е и во организација на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

Решението овозможува интероперабилност со системите на другите институции. Со ова ќе се олесни размената на податоци помеѓу институции. Дел од проектот e и креирање на Централен регистар на транспортери со информации за сите типови на транспортни компании, според нивните податоци и дејноста.

„Проектот – ПристАпп Информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај – ќе овозможи стандардизација и дигитализација на секторите поврзани со превоз на стока и патници. Целта на новото софтверско решение е да обезбеди поефикасен и потранспарентен процес на издавање на различни видови на дозволи и документи за да се зголеми ефикасноста и работата на Министерството за транспорт и врски и да се понудат поквалитетни услуги во секторот транспорт.

Новиот систем ги опфаќа сите фази од постапката од електронското аплицирање во патничкиот линиски превоз, како и транспортот на стока, предвидени со Законот за превоз во патничкиот сообраќај, управување на постапките за одобрување решенија, па сѐ до издавање на лиценците и дозволите“, велат од Фондот.

Проектот на Некстсенс ќе придонесе и за помали трошоци за софтвер и за одржување на софтверот. Проценката е дека овие трошоци ќе се намалат за 52% со новиот систем.

Проектот ќе трае девет месеци, а износот на доделениот грант од страна на ФИТР е 4,522,722.00 денари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top