Апликација на денот: Reddit конечно објави официјална апликација за iOS и Android

Изгледа неверојатно, но Reddit како една од најголемите интернет заедници досега немаше официјална мобилна апликација. Сега стартуваат апликација за iOS и за Android, но пред да се израдувате, треба да ви кажеме дека, за жал, апликацијата не е достапна за Македонија.

Главна причина за новата апликација се корисниците, кои повеќе од 50 отсто доаѓаат од мобилна платформа. Затоа Reddit ќе и посвети повеќе внимание на апликацијата да ѝ додава нови функционалности. Мобилната апликација е изработена така да биде што е можно побрза. „Присуството на native Reddit апликација за Android и iOS – посебно брза апликација на многу луѓе ќе има ја уништи продуктивноста, а јас немам проблем со ова. Тимот направи одлична работa со креирањето на апликацијата за кусо време, а таа само ќе се подобрува. Привилегија е да се креира за волку посветена заедница од стотици милиони корисници“, вели ко-основачот на Reddit, Алексис Оханиан.

Новата апликација ќе ја замени неофицијалната Alien Blue, која беше меѓу најпопуларните апликации за Reddit заедницата. Alien Blue беше купена од Reddit во 2014-та за да имаат контрола врз апликацијата, но сега ќе биде изгасена. Ова значи дека за сите кои не ја инсталирале апликацијата досега или ќе ја избришат, нема да можат да ја вратат, бидејќи ќе биде тргната од продавниците за апликации, јави TechCrunch.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments