{mosimage}Еволуирајте од клетка до цивилизација која го истражува универзумот. Spore е новата игра на Maxis дизајнирана од Will Wright, креаторот на Sims и SimCity. Spore не е толку добра за одбележување како видео игра, колку што се важни иновациите што Spore ги прикажа.
Пред сé „корисничко генерирана содржина“. Што значи тоа? Едноставно, вие можете да си моделирате ваша клетка, животно, човек, замок, возило, брод и свемирско летало. Доколку не сте креативни тогаш можете да изберете креација од илјадниците понудени од Sporеpedia, алатката која ги повржува сите останати играчи и овозможува нивните креации да ви ги населат планетите.
Играта е 4 игри во една: Аркадна авантура, RPG, стратегија и свемирско истражување (сé во едно). Се започнува со комета која се урива во море и од неа клеточниот организам започнува да се развива, по тоа проодувате на земја, по што следува племенска заедница, цивилизација и на крај само небото е лимит. Иако е прелесна за играње, технички може да се игра само со глувче, а од стратегиски аспект воопшто не е тешка ниту предизвикувачка, нешто што може да не им се допадне на "хардкор" играчите, но сепак нема да ве остави рамнодушен. Креирањето е најинтересниот дел, самите алатки и илјадниците опции за моделирање на креацијата ја прават играте неодолива. А да не зборуваме за добрата музика, графика и лудите анимации.
{youtube}v00nxRoS3iw{/youtube}
Прва фаза – клетка
Spore ја подржува теоријата за настанок на живот на земјата. Комета паѓа во море, во неа има живот и тој живот се развива. Тоа значи дека некаде во универзумот има вонземјани, што во последната фаза на играта ќе ги сретнете и според односите кои ќе ги поставите меѓу вас и вонземјаните ќе ратувате или ќе се здружите со нив. Сега за сегa сте само клетка и мора да се потрудите да преживеете и еволуирате.
Овој дел од играта е едноставен, се што ви треба е да се храните, множите и бегате од поголемите. Tука нема ништо интересно освен што во овој дел од играта ќе се запознаете со „creator" алатката. Инаку, оваа алатка – „Creature creator" беше објавена неколку месеци пред играта.
{mosimage}
Втора фаза – животно
Во овој дел, вашата креација ќе добие нозе, раце и уште неколку елементи на што ќе заличува на животно (најверојатно, зависи од вашата идеја за животно :P). Сега тоа животно треба да се храни и множи, но во овој дел од играта ќе мора и да стапи во контакт со другите животни, при што ќе му се развива мозокот. Колку попаметно толку повеќе сојузници ќе води со него.
Според изборот, во оваа фаза ќе има или многу тепање и истребување или многу играње и заведување. Анимациите се неверојатни и секогаш различни, а борбите иако едноставни сепак изгледаат убаво. Се зависи од додатоците кои животното ги има развиено, односно кои вие му ги „еволуирате“ при креирањето. Алатката за креирање станува достапна после секое парење. Така ако му ставите два-три пара нозе и подобри стапала вашето животно ќе може да игра подобро и да го одушеви другите за да се спријатели, ако има поофанзивни израстоци полесно ќе ги убие.
Овој дел од играта трае малку подолго од клеточната фаза, но не е ништо повозбудлив, по некое време може да стане
досаден.
{mosimage}
Трет дел – племенска заедница
Spore со овој дел станува стратегија. Веќе не се контролира еден лик туку цело племе. Вашиот избор и тука продолжува, дали ќе војувате или ќе се спријателите со останатите племиња. Сепак и овој дел е малку едноставен за играње ако се спореди со другите игри од жанрот авантура. има само еден вид ресурси, односно храна која се добива од лов или риболов. Како и секоја авантура ќе можете да поставите објекти, 3 за ратување и 3 за музички инструменти, кои ќе ви послужат за спријателување.
Војувањето е лесно, дајде им секири на членовите на племето, поведете ги со својот поглавар и уништете ги другите. Но здружувањето е поинтересно анимирано во овој дел. Племето ќе игра, ќе фрла цвеќиња додека го носи поклонот, а потоа ќе се обиде да ги воодушеви другите со свирење на еден од четирите инструменти. Во овој дел звуците блескаат во играта. Кога ќе ги покорите или ќе се здружите со сите племиња на мапата започнува другата фаза.
Четврта фаза – Цивилизација
Овој дел не е ништо поразличен од племенскиот дел. Само малку пософистицирана стратегија, можете да освојувате со војна, економија и религија. Но повторно креатор-алатката блеснува. Во овој дел ќе може да се креира зграда, теренско возило, брод и авион. Во овој дел ќе може и да си направите своја музика за вашиот град.
{youtube}qoyRz8vG9Mw{/youtube}
Пета фаза – Истражување на универзумот
Ова е и највозбудливиот дел на Sporeво поглед на игривоста. Откако ќе дизајнирате свое свемирско летало авантура може да почне. Тука играта повторно ве враќа во PRG формат (како животинската фаза) – еден брод кој го контролирате со неколку опции како скенер, ласери, ракети, зрак за привлекување …. Но и има стратегиски дел, ќе мора да се населуваат планети да се водат војни и да се прават пријателства, да се развиваат колонии … и триста други лудости кои ќе ви бидат дадени како мисии.
Во оваа фаза на играта сепак има многу што да се прави, така да и не е толку досадна. Овој дел е исто така најдолг, а во Spore универзумот е навистина огромен.
Оценка за Spore
Иако е прелесна за играње, на моменти досадна, сепак Spore e игра која ќе ви даде шанса да бидете креативни. Тоа е и всушност самата игра – алатка за креирање. Повеќе време, трпение и креативност ќе потрошите со таа алатка отколку со самото вршење на мисиите. Сепак и тој дел е потребен бидејќи така ќе откриете нови делови и додатоци за креирање без врска дали е тоа вселенско летало или примитивно животно. Убавата графика, анимациите и музиката се бонус на авантурата.
Накратко: Оценката за Spore e 8 од 10, и тоа само поради недостаток на предизвици кои ја прават играта досадна на моменти.
Еве видео како актерот Robin Williams создава свој лик во Spore:
{youtube}V5TXEUiR1Xk{/youtube}






