0 коментари 2 мин. читање

Qualcomm ќе го надгради Snapdragon 855

Qualcomm најави дека наскоро може да очекуваме надградба на нивниот најмоќен процесор Snapdragon 855. Овој пат нема да има „генерациска“ промена туку помала надградба, а надградениот процесор доаѓа под името Snapdragon 855+.

Snapdragon 855 е процесор кој се користи во најмоќните телефони, а без сомневање ова ќе биде случај и со надградбата Snapdragon 855+. Секако дел од компаниите како Samsung и Huawei користат и сопствени процесори во телефоните, но вообичаено имаат и серии со процесорите на Qualcomm.

Новиот процесор доаѓа со засилено „Prime“ јадро.  Досега ова јадро работеше на 2,84 GHz, а сега ќе работи на 2,96 GHz. Во процесорот има 8 јадра, четири од овие јадра се за поголемо оптоварување и тие се на 2,42 GHz, другите четири се користат при помало оптоварување. Prime е дел од помоќните четири јадра и е најмоќното јадро во процесорот. Во случај кога телефонот или таблет компјутерот ќе работат со едно јадро ќе работат нешто побрзо.

Со новиот процесор е најавен и Adreno 640 графички процесор кој според ветувањето од компанијата ќе биде 15 отсто побрз.

Првите телефони со Snapdragon 855+ доаѓаат многу скоро. Веќе следната недела, на 23 јули пристига Asus ROG Phone 2, а на почетокот на август, Samsung ќе го претстави Galaxy Note 10. Засега нема официјална потврда дека телефонот ќе доаѓа со овој процесор но Note 10 е кандидат за Snapdragon 855+, вели Ars Technica.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top