0 коментари 3 мин. читање 28 јуни, 2018

Qualcomm ја најави новата генерација мобилни процесори Snapdragon 632, 439 и 429

Qualcomm ја најави следната генерација на мобилни процесори за уреди од средна и средна пониска класа. Претходниците на Snapdragon 632, 439 и 429 се помеѓу најпродаваните процесори за мобилни уреди. Ова можеби и не треба да не изненади со оглед на тоа дека Qualcomm речиси и нема конкуренција на овој пазар. Токму 600 серијата е најдобар показател за употребата на нивните процесори. Над 1 350 различни уреди се дизајнирани со оваа серија процесори, вели Xda-developers.

Snapdragon 429 и 439 се 25% побрзи од претходниците 425 и 430 и истовремено се и поштедливи. Секако овие најави на нова серија процесори се помалку слични една на друга. Така, се разбира дека и оваа серија процесори е помоќна, побрза и истовремено поштедлива од претходната. Она што најверојатно е поважно за оваа серија е малку посериозниот пристап со Android Go сериите. Google и неколку производители започнаа сериозно да работат на минимум квалитетен производ за кој ќе може да се гарантира квалитет барем неколку надградби на оперативниот систем. Токму процесорите од Snapdragon 6xx серијата се најчесто користени во овие телефони.

Snapdragon 632 e дури 40% побрз од Snapdragon 626. Резолуцијата на дисплејот на уредот во кој ќе се користи телефонот може да биде 1080р, а камерите се ограничени на 24 MP или 13 во дуал сетап на камери. Оваа серија на процесори често се употребува во телефони кои имаат перформанси кои се повеќе од доволни за најголем дел, ако не и за сите корисници. Цените на овие уреди се под 400 долари, но ретко кој од корисниците ќе забележи разлика. За најпребирливите корисници Qualcomm ја има Snapdragon 8xx серијата која е наменета за најдобрите и најскапи телефони, пример Galaxy S или Galaxy Note на Samsung.

Секако самите процесори за корисниците не значат ништо. Експериментите со модуларните телефони пропаднаа, па ќе мора да почекаме производителите да започнат да ги користат новите процесори во своите уреди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top