Секоја следна генерација процесорите наменети за средната класа на телефони повеќе и повеќе напредува. Се чини дека е прашање единствено на време кога ќе бидат доволни за сите потреби на стандардниот корисник. Во овој период доаѓаат новите 14-нанометарски процесори на Qualcomm, Snapdragon 660 и 630.
Новите процесори ќе доаѓаат со некои функционалности кои претходно беа ексклузивно достапни на Snapdragon 8xx процесорите. Платформата доаѓа со побрз Snapdragon x12 LTE модем.
Snapdragon 630 е наменет за телефоните од средна класа. Доаѓа со осум јадрен 2х4 процесор. Четири јадра се Cortex-A53 на 2.2 GHz, и другите четири се Cortex-A53, но на 1.8 GHz. Графичкиот процесор е Adreno 508, а за дигитално процесирање на сигнали се користи Hexagon 642 DSP. Процесорот поддржува до 8 GB 2x 16-бит на 1333MHz LPDDR4 10.66GB/s меморија; Dual 14-bit Spectra 160 ISP 24MP технологија за камерата.
Помоќниот Snapdragon 660 доаѓа со 8 Kryo 260 јадра; четири од овие јадра се на 2.2 GHz, а другите четири се на 1.8 GHz. Графичкиот процесор овде е Adreno 512, а процесорот за дигитално процесирање на сигнали е Hexagon 680 DSP. Процесорот поддржува 8GB 2x 32-битна 1866MHz LPDDR4 меморија. Можностите се доволни за поддршка на резолуции до 2.560х1600. Поддршката за камера е преку Dual 14-битен Spectra 160 ISP.
Двата процесори поддржуваат Quick Charge 4.0, USB-C, Bluetooth 5 и 802.11ac Wi-Fi. Процесорот за камера Spectra 160 ISP е послаб од Spectra 180 ISP кој се користи во Snapdragon 835, но доаѓа со куп од функционалностите; пример, хибриден автоматски фокус, подобра стабилизација, процесирање на слики во услови кога има помалку светлина.
Можностите на Snapdragon 660 се споредливи со можностите на Snapdragon 820, процесор кој минатата година беше најчесто користен во „flagship“ уредите, вели AnandTech.