1 коментар 2 мин. читање 23 ноември, 2020

Python со Костадин Ристовски: Преземање на податоци

Во моментот, серијата туторијали поврзани со Python за финансии содржи 9 видеа во времетраење од нешто помалку од 3 часа.

Серијата започнува со краток вовед и инструкции како да се добијат историските цени на криптовалути, како и на акциите на компаниите кои тргуваат на големите берзи.

Овoj пристап за добивање на информации се користи во наредните видеа од серијата.

Вториот дел е наменет за визуелизација со кој почетници би можеле да прикажат одредени податоци. Наредните 3 видеа покриваат т.н. технички индикатори (MACD, RSI, Bollinger bands) кои се користат при тргување со финансиски инструменти.

Видеото број 6 покрива креирање на графикон на кој се прикажани дневните почетни, крајни, најниски и највисоки цени на одреден финансиски инструмент.

Серијата продолжува со туторијал посветен на настани кои имаат големо влијание на финансиските пазари, како финансиската криза и КОВИД-19.

Последните 2 видеа покриваат корелација и портфолио оптимизација. Секако, да се има знаење во областа на финансии помага, но не е задолжително за следење на серијата.


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски, тој е автор и на туторијалите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}