Според извештајот на The Wall Street Journal и изјавата на Марк Шатлворт дека првите паметните телефони кои ќе работат на Ubuntu ќе бидат претставени во октомври. Сепак, сè уште нема повеќе детали за кој ќе ги произведува тие телефони.
Од Canonical велат дека првите телефони ќе бидат достапни на две големи географски подрачја, а Северна Америка секако ќе биде еден од клучните пазари, смета г. Шатлворт. Иако нема детали за производителите, сепак тој вели дека производителите на Android уреди ќе немаат никаков проблем да го прифатат софтверот.
Тој, исто така, истакнува и дека овој оперативен систем допрва треба да привлече интерест и конечно ќе се појави неко паметен телефон кој ќе се обиде да ја разбие конкуренцијата меѓу Google и Apple.







