Денес и официјално треба да започне продажбата на првите гејминг лаптопи со Ryzen процесор.
ASUS TUF Gaming A15 и ASUS TUF Gaming A17 беа достапни во претпродажба, а оваа недела веќе започнуваат и испораките. А15 официјално излегува во продажба денес, а А17 на 20 април.
Секако тоа што лаптопите доаѓаат од ASUS и излегуваат во овој период не е најинтересниот дел. Ова се првите лаптопи кои доаѓаат со Ryzen 4000 процесори.
ASUS TUF Gaming A15
Лаптопот доаѓа со 15,6 IPS дисплеј (144Hz, 1080р); Ryzen 7 4800H процесор; GeForce GTX 1660 Ti графичка картичка; 16 GB DDR4 RAM, 512 GB SSD. Лаптопот доаѓа со 8-физички и 16 виртуелни јадра, фреквенцијата на процесорот е 2,9 GHz и 4,2 GHz „boost“, па цената не изгледа премногу висока.
Остатокот од лаптопот е повеќе или помалку стандарден. Безжично поврзување Wi-Fi 5 (802.11ac + Bluetooth 5); HD вебкамера; 2x USB 3.2 Gen 1 Type-A порти, 1x USB 3.2 Gen 2 Type-C порта, 1x USB 2.0 порта, 1x LAN, 1x HDMI 2.0b, 1x 3.5mm аудио приклучок и 90 Whr батерија.
Дополнително како проширување на основната конфигурација, за 200 долари лаптопот доаѓа со GeForce RTX 2060 и 1TB SSD.
ASUS TUF Gaming A17
Овој модел доаѓа со 17.3-инчен IPS дисплеј (120Hz, 1080p) и остатокот е речиси идентичен. Единствената разлика е дека за 17-инчниот модел нема најавена верзија со Nvidia 2060 GTX графичка картичка, а дискот на основната верзија е 1 TB.
Секако наскоро ќе има и нови модели и ќе биде интересно да видиме како ќе бидат перформансите на Zen 2 во споредба со конкуренцијата.