0 коментари 1 мин. читање 15 април, 2020

Apple го претстави најевтиниот iPhone досега

Без преголема најава Apple го претстави новиот iPhone SE, најевтиниот телефон на оваа компанија. Телефонот доаѓа со голем дел од хардверот на актуелните модели, но во помало „пакување“ и за значително пониска цена.

iPhone SE има три модели: 64GB за 400 долари, моделот со 128GB чини 450 американски долари, а моделот со 256GB чини 550 долари. Телефонот доаѓа со A13 Bionic процесор и за разлика од новите модели единечна главна камера за која Apple вели дека е најдобрата единечна камера на паметен телефон.

Што се однесува до дизајнот, телефонот наликува на iPhone 8 со 4,7-инчен екран и екран кој за разлика од поновите модели на ја покрива целата површина на телефонот.

Претпродажбата започнува на 17 април, а испораката на телефонот започнува на 24-ти.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}