Првиот билет за вселената на Blue Origin на аукција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Компанијата Blue Origin основана од Џеф Безос конечно официјално го закажа својот прв лет во вселената со екипаж за 20 јули. Тест летовите се завршени и капсулата New Shepard е подготвена за патници.

Патниците ќе полетаат во вселената и ќе го искусат слетувањето на капсулата New Shepard назад на земјата. Во текот на летот тие ќе одлетаат на над 100 km надморска висина и 3 минути ќе бидат во бестежинска состојба. Целиот лет ќе трае околу 10 минути. Во капсулата ќе има и простор за патник кој ќе купи билет, поточно, за патник кој ќе понуди најмногу пари на наддавањето.

Аукцијата се одвива во 2 фази. Во првиот дел учесниците тајно ќе ги поднесат своите понуди. На 19 мај овие понуди ќе бидат отворени и ќе започне онлајн наддавање. Секоја онлајн понуда ќе мора да ја надмине највисоката понудена сума.

Средствата од продажбата на овој билет ќе одат во добротворни цели во организацијата Club for the Future. Club for the Future е добротворна организација која ги поттикнува младите да се посветат на наука, технологија, инженерство и математика.

На New Shepard има простор за 5 патници, но на аукцијата ќе биде понудено само едно од местата. Останатите седишта се достапни за патници кои веќе ги имаат резервирано своите билети, вели Ars Technica.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Првиот билет за вселената на Blue Origin на аукција appeared first on […]