0 коментари 2 мин. читање 30 октомври, 2017

Прв, специјален Оскар за виртуелна реалност за „Carne y Arena“ на Александро Инариту

Специјален Оскар ќе му биде доделен на Александро Инариту за Carne y Arena (Virtually Present, Physically Invisible). Станува збор за своевидна инсталација во виртуелната реалност, поблиску до искуство отколку до филм.

Академијата му го додели оскарот за визионерско и моќно искуство во раскажувањето. Филмот за прв пат е прикажн на Канскиот фествал. Сите кои можеа да го видат велат дека единствен начин да се разбере искуството е да се доживее, вели Deadline.

„Мултимедијалнoтo и кинематографско искуство на Инариту е длабоко емоционален и физички извонреден влез во светот на мигрантите, што ја минуваат пустината на американскиот југозапад во почетокот на зората. Повеќе од дури креативен пробив во сè уште новите форми на виртуелната реалност, визуелно нè поврзува со политичката и социјалната реалност на американско-мексиканската граница“, вели Џон Бејли од AMPAS.

Академијата нема категорија во која би можела да го номинира филмот. Поради ова академијата се одлучи да му додели специјален Оскар. Режисерот Александро Инариту досега има Оскари за режија за Birdman и за The Revenant.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top