Откако Proview успеа делумно да ја блокира продажбата на iPad мобилни уреди во некои кинески продавници, тврдејки дека тие го имаат правото за името „iPad“, Apple јавно ги прикажа документите од договорот со Proview направен уште во 2009 година.
Сега адвокатите на Proview сакаат приватно да се договорат со Apple, за еден последен обид на извлекување пари. Прво Proview бараше оштета од 2 милијарди долари, но сега таа цена може драстично да се намали. Во меѓувреме напуштените фабрики на Proview стојат како споменици на една компанија, што веќе подолго време е во банкрот.
Apple има добра основа со документите од договорот со Proview од 2009 година и може да одбие било каков нов договор со Proview, посебно затоа што Apple го обвинува Proview дека создале лажна и штетна слика за Apple во медиумите, преку подигнување неосновани судски процеси.







