Google презентираше нова алатка која нуди дополнителна помош за корисниците и истовремено подбуцнување на конкуренцијата. Целта на алатката е да ги раздели фактите од фантазијата, вели Google. Новата функционалност доаѓа како дополнителна етикета до вестите.
Новата функционалност ќе биде достапна како дополнителна етикета до вестите во Google News. Поддршка за функционалноста се сите сервиси и сајтови за проверка на факти, а Google е отворен и за нови партнери. Сите кои имаат сервис можат да го пријават, а засега дел од платоформата е Меѓународната мрежа за проверка на факти.
Можеби единствен недостаток на алатката е што Google ќе одлучува дали за некој од текстовите е потребна проверка. Алгоритмите не секогаш се покажуваат како добро решение. Алатката излегува во период кога алгоритмот на Facebook пропушта лажни приказни како вистина. Можеби и поважно алатката ќе биде достапна токму за претседателските избори во САД и завршните дебати.
Алатката е достапна во Google News & Weather за iOS и Android. За почеток апликациите се достапни само во САД и Велика Британија. Подоцна компанијата ќе го прошири сервисот на остатокот од светот.