0 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2018

Проценете колку ќе ве чини развој на мобилна апликација со Естимо

Codewell има нов чет бот. Овој пат тоа е Estimo, чет бот кој на корисниците им помага да проценат колку ќе ги чини развој на некој апликација.

„Сме работеле над 100 проекти последнивие 7 години за Fortune 500 компании. Често не прашуваат за цената на Android и на iOS апликациите. За да ја одбележиме нашата 7 годишнина, го стартуваме Естимо; четбот кој ќе ви даде проценка за чинењето на развојот на мобилна апликација“, вели Нино Карас.

Четботот е навистина едноставен за користење, и не само што ќе ви помогне со процена на цената на апликацијата, туку може и да ви помогне да сфатите каква апликација сакате. Четоботот може да ве потсети дека ви треба интеграција со друштвени мрежи или камера, ако ова сте го превиделе. Или може и да ви помогне со кул идеја за дополнителна функционалност.

Конечната калкулација е прилично груба проценка. Така на еден од „тестовите“ добивме процена дека цената за развој ќе биде помеѓу 27 520 и 57 280 долари.

Секако и ваквата груба процена ќе биде одлична појдовна точка за развој. Сепак главно заради претходанта констатација, корисниците ќе може да си додадаваат функционалности кои ги заборавиле. Во Codewell направиле одлична работа со структурирањето на прашањата. Можеби единствен недостаток е тоа што ако направите грешка во одговорите нема да може да ја поправите туку мора да почнете од почеток. Секако можевме да бидеме и повнимателни, но ова секако ќе ја направи апликацијата поудобна за користење.

Estimo во моментов е на Product Hunt и може да ја поддржите платформата, и поважно да помогнете со сугестии за она што би ја направило платформата многу покорисна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top