Пронајдете ги омилените рефрени со Google и LyricFind

во Свет

Добри вести за сите кои често пребаруваат стихови и текстови од песни, Google ќе започне да ги презентира стиховите заедно со резултатите од пребарувањето. Компанијата заедно со канадскиот стартап LyricFind ќе се обиде да им помогне на сите да дојдат до точните текстови од песни.

LyricFind е партнер над 4.000 издавачи, а текстовите на нивните артисти сега ќе бидат достапни не само во пребарувачот, туку и во Google Play Music. „Навистина сме среќни што може да објавиме дека ќе го зголемиме бројот и квалитетот на текстови од песни кои се достапни на сервисите на Google. Заедно работиме за да обезбедиме текстовите да бидат достапни до што е можно повеќе корисници, побрзо и поефикасно“, вели Дерил Балантајн, на блогот на LyricFind.

Ова се добри вести и за партнерите на LyricFind, компанијата исплаќа авторски права на авторите во зависност од колку пати е прегледано некое видео. Г. Бaлантајн предвидува дека ова ќе внесе нови милиони долари за издавачите. Но ова не се добри вести за сите, прикажувањето на текстовите во резултатите на Google без сомневање ќе ги намали пристапот до страниците кои нудат слични или исти информации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk