Бесплатна достава на залиха

Insomnia Shadow Pearl: B850M, 7500X3D, 32GB DDR5-6000, 5060Ti, 1TB, 650W

106.490 ден

Цена за Pro членови 103.295 ден Заштеда3.195 ден. Активирај PRO
Сакаш дополнителен попуст? Стани член со активирање на PRO членство!

Бесплатна достава за скоро сите производи Безбедна нарачка плаќање со картичка Поддршка [email protected]

Опис

Insomnia Shadow Pearl e конфигурација e за оние кои бараат ултра тивок и моќен 1080p утрареспонсивен и систем за компетитивно играње CS2, Valorant, Dota2 или LOL.

AMD Ryzen 5 7500X3D e гејминг процесорот со најдобар сооднос меѓу врвните гејминг перформанси и цената. 32GB брза DDR5 на 6000MHz и агресивен CL30 го прават овој систем ултра респонсивен со високи 1%(min) FPS. Графичката карта nVidia GeForce RTX 5060 Ti e исто како и процесорот, најисплатлива и доволно моќна покрај минималниот да го одржи на високи бројки и просечниот фрејмрејт на овие игри. 32GB рам меморија од друга страна ја дава слободата на гејминг со активни апликации и многу отворени прозорци во браузерот во позадина без притоа системот да „поткашлува“ дури гејмате. Gigabyte B650M S2H обезбедува AM5 основа, додека 650W 80+ Silver напојување додава солидна енергетска резерва за системот. Darkflash DK360 со пет вентилатори обезбедува добро проветрување и модерен изглед, а 1TB NVMe го прави системот практичен за секојдневна библиотека на игри. Ова е внимателно балансирана конфигурација за корисник кој сака силен гејминг без да оди во повисока класа на цена.

Мени
Заедница
Изглед