Опис
Insomnia Shadow Pearl e конфигурација e за оние кои бараат ултра тивок и моќен 1080p утрареспонсивен и систем за компетитивно играње CS2, Valorant, Dota2 или LOL.
AMD Ryzen 5 7500X3D e гејминг процесорот со најдобар сооднос меѓу врвните гејминг перформанси и цената. 32GB брза DDR5 на 6000MHz и агресивен CL30 го прават овој систем ултра респонсивен со високи 1%(min) FPS. Графичката карта nVidia GeForce RTX 5060 Ti e исто како и процесорот, најисплатлива и доволно моќна покрај минималниот да го одржи на високи бројки и просечниот фрејмрејт на овие игри. 32GB рам меморија од друга страна ја дава слободата на гејминг со активни апликации и многу отворени прозорци во браузерот во позадина без притоа системот да „поткашлува“ дури гејмате. Gigabyte B650M S2H обезбедува AM5 основа, додека 650W 80+ Silver напојување додава солидна енергетска резерва за системот. Darkflash DK360 со пет вентилатори обезбедува добро проветрување и модерен изглед, а 1TB NVMe го прави системот практичен за секојдневна библиотека на игри. Ова е внимателно балансирана конфигурација за корисник кој сака силен гејминг без да оди во повисока класа на цена.




Рецензии
Сѐ уште нема препораки за овој производ.