Знаете дека имате проблем доколку вашето PC често замрзнува. Таквото нешто обично е последица на некој програм или системски процес кој ги цеди и последните слободни ресурси со кои машината располага. Кај помоќните компјутери ова не е толку забележително како кај постарите или послабите компјутери кои кријат 2GB RАМ под хаубата, или помалку. Како главна последица, ваквите „ненаситни“ програми, односно процеси бараат од системот нешто што не може да биде испорачано, а сите останати програми и процеси, како и самиот оперативен систем, ги рефлектираат страдањата во поглед на долги замрзнувања.
Process Lasso неуморно ги надгледува процесите на вашето PC и доколку забележи одредени злоупотреби на ресурсите и нарушување на нормалната работа, се фокусира на проблематичниот процес и привремено го намалува приоритетот на таквиот процес.
Process Lasso јава кон зајдисонцето во форма на неколку верзии. Бесплатната верзија се одликува со сите клучни функции, но оние кои сакаат повеќе, би можеле да го насочат вниманието на комерцијалните верзии, како Pro (36 долари), или Home Pro (46 долари). Се работи за доживотни дозволи, Pro е за еден компјутер, a Home Pro е за сите компјутери во вашиот дом.
[…] ви кажавме на кој начин Process Lasso се грижи за стабилна работа на вашето PC. Од одредена […]