0 коментари 1 мин. читање

Преведувајте насекаде! Google го донесе преводот и во апликациите

Google Translate сега е подлабоко интергиран во Android апликациите, а со самото копирање на текст се активира иконата која овозможува превод директно во апликацијата. Google Translate има над 500 милиони корисници, а најголем дел од нив се надвор САД, вели компанијата на својот блог.

Уште подобро, овој превод може да се користи и офлајн и тоа на 103 јазици кои ги поддржува Google. Нa Android преводот додека корисникот е офлајн работи од поодамна, но сега истата функционалност е достапна и на iOS. Се разбира како и на Android, така и на iOS корисникот треба да го преземе јазичниот пакет. Последниот новитет којшто доаѓа со новата надградба на Translate е Word Lens за Кинески. Станува збор за превод за поедноставен и традиционален кинески јазик, а како и за останатите јазици преводот е едноставен, само насочете го телефонот и „фотографирајте“.

TTT_DogfoodGif_v01_JRS

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top