Претставен е Microsoft Surface 3, таблет што може да го замени лаптопот

Microsoft најави нова верзија на Surface 3 тaблет компјутерот, која ќе доаѓа со Intel Atom процесор, што овозможува цената на таблет компјутерот да биде значително пониска од Pro верзијата. Surface 3 со Atom процесор ќе чини „само“ 500 долари.

Таблет компјутерот доаѓа со Intel Atom x7 (Cherry Trail) процесор; 2 GB RAM меморија, 64GB слободен простор. Surface 3 има 10.8-инчен дисплеј со 1920х1080 резолуција; две камери 8МР и 3.5МР; USB 3.0, Mini DisplayPort, microSD и Micro USB порта за напојување. Цената на уредот е без тастатурата која не доаѓа вклучена со таблетот. Surface 3 ќе доаѓа и со „пенкало“ кое доаѓа со уредот, но може и да се докупи доколку не ви се допаѓа бојата. Тастатурата е достапна за 130 долари и тоа повторно во повеќе бои.

Surface 3 ќе биде достапен во мај, а поевтината верзија ќе биде добредојдена за корисниците, иако доколку на основната цена се додадат и 130 долари за тастатура, 630 долари колку што би чинел уредот и не се премногу достапни за најголем дел од корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments