Препродавање клучеви за игри стана нелегално во Јапонија

Препродавање клучеви за игри, кои подоцна можат да бидат активирани на платформи како Steam, стана нелегално во Јапонија. Таквото кршење на законот може да доведе и до пет години затвор, парична казна од 41 000 евра, или комбинација од двете.

Според најновите надополнувања во Unfair Competition Prevention Act, во Јапонија стана нелегално да се препродаваат клучеви од игри, да се продаваат алатки кои можат да ги менуваат фајловите за зачувување напредок во играта, како и да се нудат најразлични услуги за модификација на игрите.

Законот се има донесено со желба да се стави крај на компании кои продаваат save editors за игри на конзоли, како надалеку познатиот Cyber Save Editor, кој сега е вон употреба. Со најновото надополнување, сега се ставаат на нишан сајтовите како G2A, или Kinguin. Повеќе за ваквите продавници, особено за Kinguin, можете да се запознаете преку нашиот извештај за сивата страна на купување. На кратко, се работи за сајтови кои дозволуваат препродавање клучеви за игри по значително пониски цени, и тоа помеѓу индивидуални лица, каде, обично, од профитот се лишени самите девелопери.

Останува да се види до која мера ќе биде испочитувана ваквата одлука и какви последици ќе има надвор од Јапонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments