3 коментари 2 мин. читање

Префрлајте огромни документи со Justbeamit

Колку пати до сега ви се случило да сакате да споделите со вашите пријатели огромни документи, но не сте можеле, па сте морале со USB да одите до кај нив, или да чекате денови да ви го вратат назад? Со веб апликацијата Justbeamit од сега ќе можете да префрлате големи документи без да морате да го натрупувате вашиот Dropbox.

Justbeamit е веб апликација која ви овозможува да закачите документ, да добиете линк до тој документ, и да му ја испратите на некој пријател. Интересното со оваа апликација е тоа што за разлика од другите апликации за трансфер на податоци, процесот на префрлање е многу едноставен.

Сè што треба да направите е да го повлечете документот кој сакате да го споделите во вашит веб прелистувач, и веб апликацијата ќе ви даде линк кој треба да ја испратите на вашиот пријател. Во веб апликацијата ќе ви биде прикажан прогресот на закачување на документот, а кога ќе заврши, ќе ви се појави знак за чекање, што значи дека веб апликацијата чека на примателот да го преземе документот.

Justbeamit е многу едноставна апликација, меѓутоа има и недостатоци. Лошата работа е тоа што оваа веб апликација е како порта, па така тој што го испраќа документот не смее да ја напушти страницата додека не заврши преземањето, и откако ќе се напушти страната, линкот за преземање е неупотреблив.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top