Измените во Законот за безбедност во сообраќајот предвидуваат ограничување на движењето на електричните тротинети. Тротинетите ќе можат да се движат по велосипедски патеки, а во случај да нема одбележани патеки ќе можат да се двужат и по тротоар. Ова го предвидуваат законските промени кој веќе поминаа на седница на Владата, јави СДК.
Со законот ќе биде забрането движење на тротинетите на улици и булевари, но предвидено е и задолжително носење на заелени флуоросцентни елеци во вечертните часови. Максималната брзина на велосипедска патека е 25 km/h, а на тротоар 6 km/h. Ова треба да придонсе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Предвидените казни се од 50 евра за не носење на елек, за возење по улица и булевар 80 евра, до 120 евра за надминување на дозволената брзина.
Електричните тротинети се популарни поради практичноста и можноста за побрзо движење во сообраќајот. Секако со овие измени со оглед на бројот на велосипедски патеки малку ќе се ограничи практичноста на тротинетите. Колку и како ќе влијае ова на популарноста останува наскоро да видиме.
Дел од локалните власти, на пример Град Скопје, нуди субвенции за електрични тротинети. Оваа мерка ќе продолжи, а веќе се најавени средства за нови 215 електрични тротинети. Град Скопје ќе надомести дел од средствата за набавка на тротинетот во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, или до 7 000 денари по лице.
Здраво Јован
Искрено не ни размислуван на насловот премногу, не и делуваше на кликбејт, ниту па ни беше намера. Сепак, по интерна комуникација се согласивме дека е можеби и е премногу па го променивме.
Поздрав
Значи ништо нема да се смени, само clickbait наслов сте напишале.