За пребарување со слики ќе треба да кликнете на камерата на тест страната, по што ви се отвара опција за закачување на фотографија или копирање на URL на сликата од веб и Google ќе открие што е тоа. Ова најдобро работи со препознатливи туристички места, но е доста функционално со други фотографии. Зависно од квалитетот и препознатливоста на сликата, можеби Google нема да го најде правиот извор, но ќе открие што е на таа фотографија.
Пребарувањето со слики ќе стартува на 40 јазика и е еднa од трите поголеми новини кои Google ги претстави на „Inside Search” настанот. Другите новини се:
- Google Instant Pages е уште побрзо инстант пребарување
- Сега достапно Google пребарување со глас и за десктоп корисници
Ова не е алелуја, ова постои 3 години и тоа во пософистицирана форма.
TinEye за фајрфокс и хром. Пробајте!
Ова цел живот го чекав.
Гугл, и ништо не е чудно.