Празнични изгледи за Zoom, Teams, Skype, или TikTok

во Веб, Вести

Претпоставуваме дека доколку го читате ова, често се наоѓате во најразлични состаноци на Zoom. Кога веќе морате да присуствувате на нив, зошто да не внесете празнично расположение со новогодишни и божиќни позадини, кои можат да бидат статични, или анимирани?

Christmas Zoom Backgrounds е всушност колекција од позадини кои се замислени да ви дозволат да внесете анимирани, илустрирани или традиционални (видео) позадини за време на вашите состаноци, стримови, или настани преку апликацијата Zoom.

На располагање имате смирувачки позадини кои константно ќе го симболизираат неизбежното приближување на магичниот период. Сите позадини се бесплатни за преземањe и се уредно поделени во следниве категории:

  • Анимирани позадини
  • Илустрирани позадини
  • Фотографии

За да наместите одредена позадина потребно е да кликнете на  ⌘+ на macOS или на ⚙️, на Windows, па потоа да го изберете Backgrounds & filters јазичето. Преку копчето + вметнете некоја од позадините кои претходно сте ги преземале од тука! За жал, копчето за преземање на сите позадини од еднаш не функционира, а некои позадини исто така не можат да се преземат, но она што има сепак нѝ остави позитивен впечаток и некако се надеваме дека тимот набргу ќе ги исправи проблематичните линкови.

Преземените позадини од Christmas Zoom Backgrounds, можат да се искористат и за апликации како Microsoft Teams, Skype, и TikTok. Така да, доколку имате онлајн часови преку Teams, ова е едно од можните решенија со кои би можеле да го растопите срцето на одредени професори. Инаку, позадините функционираат и доколку користите платформи кои подржуваат апликации како Snap.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk