0 коментари 2 мин. читање 10 ноември, 2020

Правете дигитални листи со AnyList

Правењето листи со работи кои треба да ги купите или завршите може да биде значително поефикасно со апликации како AnyList.

Се работи за апликација со која можете да направите каква било листа, од купување намирници, преку игри кои сакате да ги изиграте, па сè до собирање рецепти и слични активности. По вклучување на апликацијата може да започнете со правење листи од почеток, или пак да одберете соодветна листа од претходно одрдени категории.

Секојпат кога ќе завршите некоја активност од листата, можете истата да ја означите како комплетирана. Паралелно со ова, можете во кој било момент да ја проширите листата со дополнителни работи.

Највеќе нѝ се допаѓа AnyList затоа што ви дозволува секоја ваша листа да ја споделите со останатите членови од семејството, како не би можеле така лесно да се извлечат од обврските кои би сакале да им ги наметнете. Исто така, нѝ се допадна интегрираната синхронизација на листите помеѓу направите. Кога сме кај тоа, во случај да имате направа со iOS 14, тогаш од неодамна имате на располагање и соодветни виџети.

Проверете ја AnyList на Adroid (оценка 4.7) или iOS (оценка 4.8).

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top