Постпејд договорите од 24 месеци се минато… барем во САД

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Нема веќе да има договори на две години кога ќе купите нов телефон во САД. Sprint е последниот голем провајдер кој се откажа од долгите договори, што за корисниците значи дека при купувањето на телефоните ќе ја платат полната цена, но понатаму нема да имаат скриени доплати во сметките.

За жал, цената на паметните телефони, пред сѐ на подобрите уреди не е ниска, па ова за дел од корисниците ќе значи откажување од ексклузивните модели. Интересно за таблет компјутерите опцијата за повеќегодишен договор останува, јави Android Central.

Крајот на двегодишниот план кај провајдерите доаѓа по најавата за речиси ист таков план од Apple, iPhone Upgrade Program. За околу 33 долари месечно корисниците на iPhone можат да ја имаат секоја верзија на iPhone, но обврската е 2 години. Со укинување на можноста за договор со операторот корисниците повеќе нема да бидат врзани и ќе можат да ги променат операторите без поголеми проблеми.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments