Интернетот е направен за порно. Ова иако е долгогодишна шега, сепак е многу блиску до вистината, посебно ако го погледнете Year in review извештајот од најпопуларниот порно сајт Pornhub. Во 2015 само корисниците изгледале 1,892 петабајти порно, со должина од 4.392.484.580 часа или 2,5 пати подолго отколку што постои хомо сапиенс. За ова да биде возможно, серверите на Pornhub во просек стримале 75GB содржина секоја секунда.
Сајтот имал 21,2 милијарда посети во 2015-та година, или 2,4 милиони посети на ден. Во споредба со 2014 година просекот кој секој посетител го поминал на Pornhub е 4 секунди подолг и е 9 минути и 20 секунди! Корисници доаѓаат на сајтот од целиот свет, но најмногу од САД, Канада, Британија, Ирска, Исланд и скандинавските земји. Над 24 отсто од посетителите се жени кои без никакво изненадување имаат малку поразлични сексуални фетиши од мажите.