1 коментар 1 мин. читање

Medium е блокиран во Малезија бидејќи поддржа истражувачко новинарство

Блог платформата Medium сега е блокирана во Малезија, откако понудија поддршка на истражувачките новинари. Веста ја потврди Medium, кој вели дека Малезиската комисија за комуникација и мултимедија, поднела барање за отстранување на пост од Sarawak Report, а тие одбиле еднострано бришење на содржината.

Текстот во прашање е поврзан со корупција на малезиските власти, поточно премиерот Наџиб Разак кој се сомничи за корупција од 600 милиони долари, за кои премиерот тврди дека се подарок од саудиското кралско семејство. Пред блокирањето на сајтот следеше преписка помеѓу агенцијата и Medium во која платформата за блогирање бараше доказ дека наодите во текстот се злонамерни и лажни. Откако MCMC не достави никаков доказ Medium одби да ја отстрани содржината.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top