Со победа од 16:6 во клучниот натпревар против Данска, македонската Counter Strike: GO репрезентација успеа да ги продолжи натпреварите на Светското првенство и да се пласираат во шеснаестина финалето.
Во шеснаестина финалето македонскиот тим Vilay, играше со малезискиот фаворит FrostFire и за жал тука ги завршуваат натпреварите на ова светско првенство. Во оваа фаза нашиот тим ги загуби двата натпревари со 16:8 и 16:11.
Тимот на FrostFire играше во состав Шамир „Subbey“ Заман, Ахмед „d4v41“ Калиш Рисајде Бин Нордин, Аиман „aimaNNN“ Азам, Ашраф „acAp“ Фирдаус и Азим „CHAPMAN“ Шахарудин. Тимот на Vilay Esport беше со истиот состав како и на претходните натпревари: Борче „boro“ Ѓоргиевски, Кристијан „kilera“ Куковски, Димитар „ranniN“ Аврамоски, Иван „sao“ Цветаноски и Душан „duksi“ Кацески.
Секако и самото минување на групната фаза и влегувањето во најдобри 16 е огромен успех за репрезентацијата.
Натреварите на светското продолжуваат преку целиот викенд, финалето е закажано за недела.