Поранешниот директор на Sun вели дека на Google не му требале лиценци за користење на Java

Сведочењето на поранешниот директор на Sun Microsystems, Џонатан Швартц само што му помогна на Google да се одбрани од тужбата на Oracle дека украле делови од Java API-ја за Android без да платата лиценци и дозвола, пренесува Cnet. На судењето Oracle како доказен материјал претстави имејл докази од главниот за Android, Енди Рубин, од кои се открива дека програмерот барал од Google да соработува со Oracle и Sun бидејќи биле потребна нивна согласност за користење на Java во Android.

На тоа Google се брани дека ги земале само слободните делови од Java бидејќи немале договор со Oracle и Sun, што значи дека немале потреба да плаќаат лиценци. Нивното тврдење доби на тежина по сведочењето на г. Швартц, поранешен директор на Sun, креаторите на Java кои беа купени од Oracle во 2010 година за 7,5 милијади долари. Тој вели дека додека ја водел компанијата не верувал дека програмскиот јазик и АPI-jата се заштитени со лиценци.

Пред Android, двете компании сакале да направат партнертво со кое Google ќе плати пари на Sun за да претстави Java телефон. Toa партнерство не успеало поради контрола, и двете компании сакале повеќе контрола. Г. Швартц е поранешен шеф и близок пријател со Ерик Шмит, поранешен директор на Google, кој работеше во Sun скоро 14 години. Г. Шмит вели дека се консултирал со Sun пред претставувањето на Android кои го увериле дека немаат проблем со користењето на Java во мобилниот оперативен систем. Кога е стартуван Android, г. Швартц на својот блог му честиташе на Google, но додава и дека Sun не биле задоволни од тоа што Google го прави со Android, но и „немавме намера да кукаме“ бидејќи Google придонесувал „со Java да биде дел од Java заедницата“. Тој вели дека Sun нема проблем со компаниите кои го користат програмскиот јазик се додека не ги брендираат своите продукти како Java.

„Аndroid ни додаде во заедницата бидејќи допринесе повеќе кон Java. Но тој не придонесуваше кон нашиот бренд. Беше опасност и можност во исто време. Тоа е бидејќи имате отворени API-ја и се натпреварувате за имплементација.“, вели г. Швартц.

Повеќе детали, заедно со сведочења на други влијателни личности од Google, Oracle и Sun ќе прочитате на одличниот блог пост на Ден Фарбер, автор на Cnet, кој секој ден детално пренесува за судењето кое тежи неколку милијарди долари и ќе ја одреди судбината на Android.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk