0 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2017

Поради проблеми со мамење на испитите Етиопија го исклучи интернетот

Етиопија има сериозен проблем со мамењето на испитите. Властите го исклучија интернетот до завршување на испитите. Цела држава остана без пристап до интернет најрано до 8 јуни.

Причината за исклучувањето на цела држава е искуството од минатата година. Лани тестовите протекоа пред испитите, па мораше да бидат презакажени испитите за учениците од 16 и 18 години. Со исклучувањето на интернетот споделувањето на тестовите е потешко, но целата ситуација наликува на тепање на комарец со пушка за слонови.

Етиопија има 102 милиони жители, а тестови полагаат малку повеќе од 1 милион. Останатите 100 милиони се жртва на неспособноста на власта да ги задржи тестовите во тајност. Дел од сервисите како аеродромските услуги ќе останат приклучени, но друштвените мрежи се исклучени.

Ова не е првпат да биде исклучен интернетот во цела Етиопија. Во 2015 и 2016 година во текот на протести, владата го исклучи интернетот во Етиопија. На почетокот сите сервиси , за подоцна да ги исклучи друштвените мрежи како Twitter и Facebook, пишува Reuters.

Студентите полагаат во периодот од 31 мај до 8 јуни. Во различни денови полагаат студенти од различни години.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top