0 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2017

Автомобилите се подложни на хакерски напади

Делот на автомобилот кој се користи за комуникација со светот е подложен на хакерски напади, вели New York Times. Цел на напад може да биде целата електроника која е во допир со надворешноста, без разлика дали се музика, апликација за мапи или нешто слично.

Во моментот опасноста од овие напади е незначителна. Промената на музика нема да биде трагична, но како автономните возила се приближуваат, така овие пропусти ќе мора да се надминат. Хакирањето на камерите и останатите сензори кои се клучни за оперирањето на возилото се сериозна опасност. Дополнително, секое преземање на контрола врз возила без волан и педали е значително поголема опасност.

Дури и неодамна возилата со електроника беа лесна цел на хакерите. Пропустите кои овозможуваа овие напади сега се отстранети. Сепак за автономните возила ќе постојат многу повеќе опасности од напад. Најголема опасност е од преземањето на компјутерот на возилото. Производителите го изолираат системот, но хакерите сепак со трпение и вештини успеваат да ја пробијат заштитата.

Моментално возилата „комуницираат“ единствено преку камерите. Во иднина планот е возилата да бидат споени во vehicle-to-vehicle мрежа (V2V). Ова дополнително ја зголемува опасноста.

Во САД законодавците одлучија да не наметнуваат премногу строги правила за автономните возила. Сепак, законодавците креираа листа од 15 правила кои секој производител на автономни возила треба да ги задоволи. Дел од правилата се однесуваат на дигиталната безбедност на возилата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top