Apple би можела да биде првата голема техничка компанија која ќе треба да плати казна поради прекршување на Уредбата за дигитален пазар. Причина за казната е несогласувањето на AppStore со барањата на DMA. Покрај Apple, казна би можела да следи и за Meta.
Двете компании кога ги објавија своите планови тврдеа дека со промените во целост ги исполнуваат барањата на Европската унија. Неколку месеци подоцна, компаниите се пред казни. „Пресудите“ веројатно ќе им бидат изречени пред летната пауза на Унијата која започнува во август, пренесе Reuters. Официјални казни би можеле да бидат изречени најрано за неколку недели.
Европската унија смета дека дополнителното плаќање за девелоперите кои сакаат да ги објават своите апликации на алтернативни продавници на iOS ја нарушува конкурентноста. Компанијата не им овозможува на девелоперите да им понудат подобри финансиски услови надвор од AppStore без дополнителни трошоци.
Apple одговори дека компанијата кога ги направила промените била сигурна дека се во согласност со барањата на DMA. Сепак, продолжуваат конструктивна соработка со претставниците на ЕУ.
По првите усогласувања со DMA кои ги направија компаниите во март, Европската унија најави дека започнува со истрага за нарушување на уредбата на Alphabet, Apple, и Meta. Засега нема најава за потенцијална казна за Alphabet. ЕУ сепак би можела да им изрече казна подоцна. Истрагата за Google е иста како онаа за прилагодувањето на Apple. Унијата проверува дали Google ја фаворизира својата продавница за апликации.
Целта на Уредбата за дигитален пазар е големите компании кои се во исклучително поволна состојба, да им овозможат на помалите конкуренти лесно да бидат конкурентни. Apple со овозможувањето на алтернативни продавници за апликации отвори простор за ова. Сепак, надвор од духот на уредбата, компанијата дополнително го отежнува користењето на овие продавници.
Во случајот на Meta казната е за моделот кој на корисниците не им остава избор. Можат или да платат претплата или да прифатат таргетирани реклами. Уште кога го објави решението, Meta беше цел на критика, па истрагата не е големо изненадување.
Доколку се виновни, компаниите би можеле да бидат казнети со 10 отсто од глобалниот обрт, и дневни казни во висина од 5 отсто од просечниот дневен обрт, кој за Apple е околу 1 милијарда.