Поради прекинот на електрична енергија Starlink забележа рекорди во Шпанија и Португалија

Минатата недела граѓаните на Шпанија и Португалија беа „жртви“ на сериозен прекин на електрична енергија. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија предизвика и значителни проблеми со телекомуникациските мрежи. Големи делови од Пиринејскиот Полуостров се соочија со прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор на електричната мрежа, Red Eléctrica, изјави дека сѐ уште не е позната точната причина за прекинот. Експерти сугерираат дека причината е неспособноста на шпанската електрична мрежа да го абсорбира невообичаено големото снабдување со соларна енергија. Дел од шпекулациите зборуваа за редок атмосферски феномен, други за хакерски напади од Русија. Засега нема официјална потврда за причината.

Прекинот на електричната енергија доведе до прекин, и значителни тешкотии со интернет сообраќајот. Традиционалното покривање на мобилната мрежа во Шпанија и Португалија беше сериозно погодено од прекинот на електричната енергија. Поради ова корисниците побараа поголема  отпорност на прекини на мобилната мрежа на Шпанија.

Рекорд на Starlink за Шпанија и Португалија

Во периодот на прекинот, забележано е значително зголемување на користењето на сателитската комуникациска услуга Starlink на Илон Маск.

Според податоците кои ги претстави Financial Times, користењето на Starlink се зголемило за 35 проценти над просекот во понеделникот. Ова беше првиот ден кога падна телекомуникациската покриеност во двете земји. Во Шпанија, користењето беше 60 проценти повисоко од просекот во вторникот, бидејќи мобилните мрежи не успеаја да се вратат на брзина. Ова зголемување на користењето на Starlink се должи на неговата способност да обезбеди интернет конекција дури и кога традиционалните копнени мрежи се исклучени. Илјадници корисници користеле Starlink во овој период, иако Ookla не споделила точни бројки.

Image courtesy of FT

Ниските профитни маржи со кои работат телекомуникациските компании во Шпанија и Португалија имаат значајна улога кога се разгледува нивната способност да инвестираат во отпорност на мрежата. Oвие компании работат со ниски цени на телекомуникациските услуги во овие земји и имаат „многу ниски маржи“. Оваа ситуација го отежнува издвојувањето значителни средства за надградба на инфраструктурата. Дел од оваа надгрдба е и инсталирање на резервни генератори на повеќе локации на мобилните мрежи. Ова придонесува за поголемата ранливост на нивните телекомуникациски мрежи при големи прекини на електрична енергија.

Starlink сепак не е за сите

Предностите на Starlink во овој случај се очигледни. За разлика од традиционалните телекомуникациски мрежи кои се потпираат на копнена инфраструктура, Starlink користи сателити во ниска орбита за да обезбеди интернет конекција. Поради ова е  поотпорен на прекини на електрична енергија и други нарушувања што можат да влијаат на копнените мрежи. Кога традиционалните мобилни мрежи беа недостапни за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија и Португалија, Starlink продолжи да работи непрекинато.

Според Ookla, квалитетот на покриеноста на Starlink паднал бидејќи повеќе корисници ја користеле услугата, но никогаш не се исклучил за време на прекинот. Иако некои копнени станици на Starlink во Шпанија изгубиле пристап, врските биле можни до локации во други земји како Италија.

Секако ниту Starlink не е без недостатоци. Иако обезбедува сигурна интернет конекција за време на прекини, малку е веројатно дека сателитската покриеност ќе биде доволно распространета за да обезбеди покриеност за милиони корисници за време на слични прекини.

Покрај ова, Starlink не е евтин, и за најголем дел од корисниците е поскап од традиционалните интернет услуги. Неодамнешниот скок во употребата на Starlink е исклучок, и беше предизвикан од невообичаен прекин на електричната енергија и недостапноста на традиционалните мрежи. Во нормални околности, повеќето корисници користат традиционални интернет услуги, кои се широко достапни и поевтини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk