PopTech е настан кој се одржува во Камдејн, Мејн, а по својата замисла е многу сличен на TED. Организиран е пред речиси 20 години од Боб Меткалф, Џон Скали и нивни истомисленици. Слично како и TED, темите кои на почетокот беа исклучиво за технолошкот развој, се проширија на уметности, култура, социјална инивација, но и прашања за светската сиромоаштија. Wired издвојува дел од најинтересните говори, а остатокот можете да го погледнете на страната на PopTech.
Првото видео е од Родни Мален кој објаснува дека скејтбордот, бизнисот, науката и се останато во животот е всушност 90 отсто неуспех/паѓање. Трикот е секогаш да успеете да се станете.
Џим Олсон е лекар кој може да стане милионер продавајќи го својот изум, препарат кој ги бои клетките на ракот и тие светат во текот на операцијата, но тој одбива да им го продаде патентот на фармацевтските компании бидејќи сака лекот да биде евтин и достапен на сите.
Џонатан Вилен е професор по хемија на Универзитетот Пердју, копирајќи ги пијавиците и школките се обидува да направи лепак кој ќе биде неотровен, а ќе работи и во влага. Во иднина неговиот изум ќе може да се користи во медицината заменувајќи ги штрафовите кои сега се користат при посериозните скршеници.