Microsoft призна дека не ги заштитува податоците пренесени помеѓу два сервери

Еден од директорите на Microsoft му кажа на Европскиот парламент дека компанијата сè уште не го криптира сообраќаjот помеѓу два сервери, објави Ars Technica. „Тоа што можам да го кажам во моментов е дека собраќајот од сервер до сервер не е криптиран. Поради ова го разгледуваме нашиот безбедносен систем“, вели Дороти Белц.

Компаниите како Microsoft, Yahoo и Google сега се под окото на јавноста и на Европската комисија откако неодамна, Washington Post го обелодени Project MUSCULAR – со кој NSA ги прислушува корисниците приклучувајќи се токму на сообраќајот помеѓу центрите за податоци на Google и Yahoo!, нема причина за сомневање дека ова не се случува и со Microsoft, па наскоро може да се очекува и далеку построг став на комисијата, кој би можела да наложи криптирање на сообраќајот од Европа.

Засега останува нејасно дали во сообраќајот спаѓаат и услугите како Outlook, Xbox Live, Office 365 и слично. „Во моментов разгледуваме дополнителни потребни промени со кој ќе ги заштитиме податоците на нашите корисници“, вели Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments